Билали: Сакаме победа без примен гол против Академија Пандев

Шкупи неодамна ја совлада екипата на Академија Пандев во домашното првенство, но двата тима утре повторно ќе се сретнат на стадионот „Чаир“, овојпат во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија.

Во таборот на скопскиот клуб владее оптимизам дека ќе се успее да се стигне до позитивен резултат, но се потенцира дека мора да се одигра беспрекорно во одбраната.

„Со нетрпение го очекуваме дуелот од Купот на Македонија против Академија Пандев. Сериозно му пристапивме на националниот куп и сакаме да стигнеме што подалеку во ова натпреварување. Првиот меч го играме на домашен терен, пред нашите верни навивачи, што сигурно ќе ни биде дополнителен мотив. Мислам дека како тим сме максимално подготвени за овој дуел, целта е да стигнеме до победа, но и да не примиме гол, со што би си ги зголемиле шансите за пласман во полуфиналето“, изјави фудбалерот на Шкупи, Сабит Билали.

Тренерот Ќатип Османи за утрешниот натпревар повторно ќе го има на располагање Антонио Серџо, но во тимот нема да се појават Исени и Адили.

Се вчитува...