Билетите за дербито Вардар – Охрид од 300 до 500 денари

Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за големото дерби против Охрид што е закажано за сабоота со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Двата тима одиграа неколку интересни дуели во текот на летото, „вардарци“ славеа на последната пресметка во Супер-купот на Македонија, па сега полни со самодоверба ќе влезат во саботното дерби.

За триумф неопходна ќе им биде и поддршка од трибините, а цената за билетите за ова дерби изнесува од 300 до 500 денари.

ПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА НАТПРЕВАРОТ ВАРДАР – ОХРИД

Вардар на 3 октомври го пречекува Охрид во натпревар од 5. коло во Супер лигата.

Во продажба се пуштени билетите за средбата, која ќе се одигра со почеток во 19:00 часот, во СЦ „Јане Сандански“.

Пред црвено-црните е нов важен домашен предизвик, а поддршката од трибините повторно ќе биде значаен дел од борбата за нова победа.

Продажбата на билетите се одвива онлајн преку vtickets.mk.

🎟️ Линк за купување билет:

https://vtickets.mk/event/rk-vardar-grk-ohrid/236

Цените на билетите, во зависност од избраниот блок, се:

– 300 денари

– 400 денари

– 500 денари

Обезбедете го своето место навреме и бидете со Вардар на уште еден домашен натпревар.

Да го исполниме „Јане Сандански“ и заедно да одиме по нова победа“, порачуваат од РК Вардар.

Се вчитува...