Ждрепката сакаше големите ривали за титулата Вардар и Шкендија првиот овосезонски натпревар да го играат веќе во второто коло, дуел што е закажан за в недела во 17 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
„Вардарци“ не кријат дека очекуваат значајна поддршка од трибините, а актуелниот првак ги пушти во продажба и билетите за овој натпревар, по популарна цена од 200 денари.
Билетите може да се набават преку продажната мрежа на МКтикетс и онлајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
