Билетите за кошаркарскиот Куп по цена од 50 и 100 денари

Билетите за претстојните натпревари од завршниот турнир на Лимак Купот на РМ ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток, 16. февруари) напладне, објави МКФ. Продажбата ќе се врши во „Југотон“ и „Тобако Веро 2“ во Скопје, туристичката агенција „Атлантик Турс“ во Кавадарци, како и на билетарницата во салата „Јасмин“ секој ден од 11 часот до 21.30 часот. Билетите се нумерирани и важат за само еден натпревар.

За четвртфиналните и полуфиналните натпревари ќе чинат по 50 денари, додека за двата финални натпревари цената на билетот ќе изнесува по 100 денари. Продажба преку интернет нема да се врши.

Посетителите на располагање ќе имаат два паркинг простори околу спортската сала, западно и јужно од градскиот базен. Вратите се отвораат 30 минути пред почетокот на секој натпревар, а салата се празни по завршувањето.

Се вчитува...