Билетите за Македонија – Албанија од 200 до 600 денари

Фудбалската Федерација на Македонија на денешниот состанок на Управниот Одбор донесе одлука билетите за претстојниот квалификациски меч со Албанија да бидат со популарни цени, од 200 до 600 денари. Навивачите кои ќе сакаат да го следат мечот, закажан за 5 септември во Струмица, ќе можат да го сторат тоа за сума од 200, 400 и 600 денари, во зависност од позицијата на седиштата на стадионот „Младост“.

Покрај оваа, УО на ФФМ донесе уште неколку одлуки кои ги обелодени преку соопштение за медиумите:

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги усвои пропозициите за Прва футсал лига, пропозициите за Втора футсал лига и пропозициите за натпреварување во детски лиги за сезона 2017/2018;

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија по предлог на селекторот на А репрезентација на Македонија го назначи Џингис Реџепи за асистент во стручниот штаб во А репрезентација на Македонија; 

-Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го назначи Љупчо Кметовски за тренер на голмани во младинските национални селекции и фудбалската академија;

– Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги утврди цените на билетите за натпреварот меѓу А репрезентациите на Македонија и Албанија на 5. септември 2017 година. Во продажба ќе бидат пуштени влезници по цена од 600, 400 и 200 денари;  

Се вчитува...