Билетите за мечот Шкендија – Розенборг на 30. август по цена од 100 до 300 денари

Шкендија ја одреди цената на билетите за реванш мечот од плеј-оф рундата за пласман во групната фаза од Лигата на Европа против норвешки Розенборг.

Билетите за мечот кој ќе се игра на 30. август на националната арена „Филип Втори“ во Скопје се категоризирани врз основа на позициите на трибините. За Северната трибина цената е 300 денари, за Јужната – 200 денари, и за Источната и Западната трибина по 100 денари.

Претходно првиот натпревар се игра во Норвешка на 23. август со почеток од 20:45 часот на стадионот „Леркендал” во Трондхајм кој е со капацитет од 21.400 места.

Се вчитува...