Билетите за Шкендија – Шериф од 200 до 600 денари

Раководството на Шкендија ги одреди цените на билетите за натпреварот против Шериф, што на програмата ќе биде на 24 јули на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Навивачите на тетовскиот клуб ќе треба да издвојат најмалку 200, а максимум 600 денари за да им дадат поддршка на избраниците на Ќатип Османи, кои ќе се обидат да испишат историја и да минат две рунди во квалификациите за влез во групната фаза од Лигата на шампионите.

По 200 денари чинат билетите за источната трибина, а 400 и 600 денари се влезниците за „југ“ и за „север“, во зависност од тоа за кои блокови станува збор.

Шкендија на првиот домашен меч го декласираше ТНС со 5-0, но тоа беше меч на кој тетовци немаа преголема поддршка бидејќи се играше во исто време со мундијалското полуфинале меѓу Франција и Белгија.

Се вчитува...