Битката за Лос Анџелес за Лејкерс, Милвоки губи без Јанис (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс врзаа четири последовни победи добивајќи го големото сезонско западно дерби со Лос Анџелес Клиперс со 103-112 и ја прекинаа лошата серија во дуелите со градскиот ривал против кого немаа победа три средби по ред или точно една година. „Клиперс“ беа подобар противник во првото полувреме во кое водеа и со девет поени, нападот на „лејкерс“ проработе во третата четвртина кога тимот на Леброн Џејмс ја презеде контролата на резултатот, а конечниот чекор кон триумфот го направи во почетокот од последниот сегмент кога дојде до двоцифрена разлика.

Ентони Дејвис со 30 поени беше прв стрелец во победничкиот тим, Леброн постигна 28 поени. Кај „клиперс“, Пол Џорџ заврши со 31 поени, а Каваи Ленард уфрли 27 поени.Лос Анџелес Лејкерс имаат биланс 49-13 на лидерската позиција на Запад, „клиперс“ на вторто место заостануваат шест победа, а имаат и шест порази повеќе.

Феникс му го нанесе 11-от сезонски, втор последовен на најдобриот тим во лигата, Милвоки. Славеше со 140-131 на домашен паркет во дуел во кој единствено беше надмоќен во воведната четвртина која ја доби со 47-28, но успеа да го задржи триумфот и покрај тоа што лидерот на Источната конференција потоа беше поуспешен во сите три сегменти. Милвоки беше без Јанис Адетокумпо кој отсуствува поради порведата добиена во дербито со „лејкерс“

Дончиќ со 36 и Хардавеј со 30 поени не успеаја да го спасат Далас од пораз на домашен терен од Индијана. „Пејсерс“ триумфираа со 109-112 за 39-та победа сезонава и четврто место на Исток. За Далас ова беше 26 пораз, има 39 победи и е седмопасиран на Запад. Четврти  пораз во серија забележа Хјустон. Орландо со високи 106-126 беше кобен за „рокитс“ пред нивните навивачи. Со ефект 39-24, Хјустон останува петти во Западната конференција, Орландо е осмопласиран на Исток.

Шампионот Торонто забележа тесна победа на гостувањето кај Сакраменто од 113-118, Пауел со 31 и Лаури со 30 поени беше лидери во успехот со кој првакот е во серија од три последовни триумфа.

 

Се вчитува...