Битола ги избра најдобрите спортисти – во знакот на „пелистерци“

Општина Битола ги додели признанијата за најдобрите спортисти за изминатата година, при што наградата за „спортист број 1 на Битола за 2021“ заслужено заврши во рацете на Јосип Периќ. Ракометарот од БиХ е предводник на тимот на Еурофарм Пелистер и меѓу најзаслужните за пласманот во нокаут фазата во Лигата на Европа на ЕХФ, освојувајќи го првото место, пред кошаркарот Бобан Стајиќ, додека на третата позиција во оваа категорија се најде кугларот Пецо Димовски.

Најдобра екипа на Битола за 2021 година е ракометен клуб Еурофарм Пелистер, следуваа кошаркарите на Пелистер и одбојкарките на Пелистер Волеј.

Во младинска категорија за најдобра екипа е прогласена Пелистер Волеј, пред младинците на Еурофарм Пелистер 2, и кугларките на Пелистер ПИН.

Посебни признанија за ветерани на спортот во Битола добија Ице Ѓоргиев-Бајче за посебен придонес во развојот и афирмацијата на боксот, Димче Миновски – спортски хроничар и објавени 10 книги за спортските клубови од Битола, Милка Гемтова Георгиевска – скијање -за животно дело и Ѓорѓи Костовски – алпинизам- за животно дело – од Анди до Монт Еверест.

Се вчитува...