Битола под снег: Одложен натпреварот Пелистер – Ренова

Поради обилни снежни врнежи во Битола и невозможни услови за игра на стадионот „Петар Милошевски“, одложен е денешниот натпревар меѓу Пелистер и Ренова од 21. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Натпреварот, согласно правилникот за натпревари на ФФМ, треба да се одигра утре со почеток исто така од 14 часот.

Досега нема пријава за одложување на некој од преостанатите четири денешни натпревари од оваа рунда натпревари во елитниот македонски фудбал.

ПМФЛ – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Битола: ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА (одложено)

Се вчитува...