Битолчани го искористија згаснувањето на Охрид – Мекиќ нов кошаркар на Пелистер

Битолски Пелистер е еден од клубовите кој профитираше од згаснувањето на АВ Охрид, откако во своите редови успеа да го донесе повремениот македонски репрезентативец Адем Мекиќ. По распадот на охридскиот суперлигаш, Мекиќ се поврзуваше со враќање во МЗТ Скопје Аеродром, но сепак на крајот тој заврши во битолскиот клуб.

Мекиќ во кариерата покрај за МЗТ Скопје настапуваше и во екипата на Куманово од која летово се пресили во Охрид. Мекиќ треба да биде големо засилување за битолскиот клуб во борбата за што подобар пласман во Суперлигата.

Се вчитува...