Бизарен инцидент во Мото ГП: Шпанец се судри во боксот (ВИДЕО)

Квалификациите за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот донесоа ретко виден инцидент откако возачот на Гресини, Фермин Алдегуер имаше судар во боксот.

Шпанскиот мотоциклист падна и на стазата во текот на квалификациите, но стана хит на социјалните мрежи по сударот во боксот каде не успеа да го запре својот мотор.

За среќа, ниту Алдегуер ниту механичарите не третпеа повреди. Шпанецот успеа и да се врати на стазата и да заврши на шесттото место во квлаификациите.

Се вчитува...