Бизарна ситуација предизвикана од правилата на УЕФА: Ирска намерно ќе губи од Холандија за да се надева на ЕП!?

Репрезентацијата на Ирска ги загуби шансите директно да обезбеди пласман на ЕП 2024, но би можела тоа да го направи низ плеј-офот од Лигата на нации.

А, за да ја добие таа шанса мора да помогне Холандија директно, преку квалификациската група, да се пласира на ЕП. Еден од начините за тоа е намерно да загуби од Холандија во ноемврискиот нивни меѓусебен дуел во групата. На Ирска ќе и одговора Холандија да се пласира директно на ЕП, а не Грција, како би се отворило за неа место во баражот од Лигата на нации.

УЕФА плеј-офот го замисли така што во него ќе учествуваат 12 селекции, по четири од А, Б и Ц Лигата на нации. А, правилото вели „ако помалку од четири тима од една од лигите влезе во плеј-офот, тогаш првото слободно место се доделува на најдоброрангираната екипа од Д Лигата на нации, а тоа е Естонија“.

Па, за да Ирска обезбеди плеј-оф во Лигата на нации, не смее да има повеќе од седум тима кои се пред нив на ранг листата на Лигата на нации, а меѓу нив е и Холандија. Затоа на Ирците им одговара да загубат од Холандија и да овозможат да завршат на второто место во Групата Б од квалификации и да обезбедат место на ЕП.

Се вчитува...