Бизарност на годината: Родригез си оди од Евертон, му пречеле дождот и облаците во Англија

Хамес Родригез планира да го напушти Евертон на крајот на оваа сезона, а причината е бизарна. Колумбискиот фудбалер пристигна на „Гудисон Парк“ во септември и прикажа многу добри игри за тимот на Карло Анчелоти, но не успеа да се адаптира на климата на „островот“.

Сепак, имаше низа повреди и колумбиските медиуми тврдат дека Џејмс би сакал да замине во текот на летото. Наводно, не му се допаѓа времето во Англија, но и фудбалот што се игра и смета дека тоа е причина за неговите чести повреди.

“Тој нема проблеми. Разговарам со него секој ден и тој е среќен и мотивиран. Тој се чувствува добро, сите се на негова услуга и тоа е тоа. Не знам дали тој се пожалил на времето, но се знае дека времето во Англија не е најдобро. Сепак, има многу други добри работи“, демантираше Карло Анчелоти, но шпекулациите стануваат се погласни дека Колумбиецот летово би можел да си замине од „Гудисон Парк“.

Хамес Родригез оваа сезона одигра 20 натпревари за Евертон и има учинок од пет гола и седум асистенции.

Се вчитува...