Бизнис-лига: Чиста „десетка“ за Окта

Три натпревари беа на денешната програма во Бизнис-лигата, најубедлив меч одигра екипата на Окта

Окта со отворен фудбал до убедлива победа над Искрател Груп

Окта 10-1(6-0) Искрател Груп

Окта: Драганчо Ѓрѓиевски 38’ 40’ Живко Котевски 7’ Александар Јовчевски 35’ Душан Босиљановски 12’ Един Скендеровиќ 4’ 15’ 18’ 27’ Виктор Ристовски 20’
Искрател Груп: Никола Велевски 22’

Одлично прво полувреме за Окта во дуелот со Искрател Груп, тие уште на самиот старт наметнаа жестоко темпо на игра и се префрлија на противничката половина што резултираше со рано водство уште во 4та минута. По овој рано постигнат погодок следуваше канонада кон голот на Искрател Груп, екипата на Искрател груп не можеше да најде противигра за денес расположената Окта, па на полувремето замина со негатива од 6-0. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп се обидуваше со сите сили  да се врати во дуелот, но тимот на Окта одлично ја постави својата одбрана и преку контранапади постојано го зголемуваше своето водство за победа од 10-1.

Македонски Телеком до сигурна победа над Пекабеско

Македонски Телеком 3-1(2-0) Пекабеско

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 18’ Гоце Филиповски 14’ Даниел Анчевски 25’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 32’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Македонски Телеком и Пекабеско помина во мирен ритам на игра без многу шанси за гол, играчите на двете екипи со соло акции и удари од далечина се обидуваа да го отворат резултатот. Како одминуваше времето екипата на Телеком ја превзема иницијативата се префрли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на Пекабеско што резултираше со водство од 2-0 на полувремето. На стартот на второто полувреме Телеком успеа да постигне погодок за солидно водство од 3-0. Екипата на Пекабеско не се откажуваше од овој натпревар и со сите сили се обидуваше да го намали водството и да се врати во игра, но екипата на Телеком ја контролираше играта и не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со резултат од 3-1.

 

Ангеловски го водеше Вип до победа над ЕВН

ЕВН 6-7(3-4) Вип

ЕВН: Наумче Бадаловски 12’ 16’ 18’ Бојан Симоновски 36’ Ајет Новобрдарија 37’ Драган Стојков 34’ 
Вип: Ненад Богдановиќ 8’ Мартин Ангеловски 7’ 8’ 23’ 26’ Мартин Тодоровски 29’ Никола Спасевски 10’

Динамично прво полувреме одиграа ЕВН и Вип, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Вип која успеа да направи солидна предност од 0-4. Сепак, тимот на ЕВН во своите редови го имаше расположениот за игра Бадаловски кој успеа да постигне три гола со што оваа екипа успеа да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето Вип успеа да се одбрани од жестокиот притисок кој го наметнуваше екипата на ЕВН па го доби полувремето со резултат од 3-4. Во второто полувреме и двата тима продолжија со висок ритам на игра, се редеа шанси и на двете страни. Вип успеа да постигне два погодоци и повторно да се стекне со солидно водство. Составот на ЕВН не се откажуваше лесно од овој натпревар, па во 37та минута успеа да стигне до гол негатива и да ги направи последните минути вистинска драма. Сепак, екипата на Вип успеа да ја сочува предноста и да го добие натпреварот со резултат од 6-7.

Се вчитува...