Бизнис-лига: Гол-шоу меѓу Пекабеско и Уника

Нови три интересни натпревари беа на програмата денеска во рамките од Бизнис-лигата

Пекабеско немаше сили за целосен пресврт против Уника

Пекабеско 5-9(2-3) Уника
Пекабеско: Бобан Вујиќ 7’ Андрија Периќ 15’ Петар Киприновски 21’ Дејан Неделковски 23’ Здравевски 36’
Уника: Бенјамин Граинца 5’ 24’ 32’ Бесими Нухиу 10’ Шабан Чупи 15’ 39’ 40’ Љуљзим Каштањева 36’ 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Уника, видовме одлично одработени акции, атрактивни потези и убави погодоци. Прва до водство дојде екипата на Уника во 5. минута преку Граинца, две минути подоцна Пекабеско успеа да го израмни резултатот. До крајот на полувремето се играше брз и отворен фудбал во кој поснаодлива беше екипата на Уника која на полувремето замина со предност од 2-3. Во второто полувреме двата тима продолжија со напаѓачки фудбал се редеа шанси на двете страни и во таквата бркотница на теренот Пекабеско успеа да дојде до израмнување и да го внесе натпреварот во неизвесна завршница. Сепак, екипата на Уника во самиот финиш од натпреварот успеа да постигне неколку одлични погодоци за конечен резултат од 5-9.

Фабрика Карпош во второто полувреме до победа над Окта

Окта 1-5 (1-1) Фабрика Карпош

Окта: Драганче Стојановски 3’
Фабрика Карпош: Мики Нешиќ 5’ 37’ Александар Божиков 27’ 28’ Благоја Огненовски 38’

Изедначено прво полувреме одиграа екипите на Окта и Фабрика Карпош, прва до водство дојде Окта во 3. минута, со тактика голман играч. Екипата на Фабрика Карпош кратко по ова водство на Окта имаше одговор и во 5. минута во еден полу контра-напад преку Нешиќ успеа да изедначи. По овие рано постигнати погодоци следуваше смирување на темпото на игра, играта се префрли на средината на теренот а играчите се обидуваа со удари од далечина да ја донесат својата екипа во предност. До полувремето ниту една од екипите не успеа да дојде до предност па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме Фабрика Карпош наметна повисоко темпо на игра, ја превзема контролата на теренот што резултираше со солидна предност во 28. минута. Окта се обидуваше преку својот голман кој правеше вишок во нападот да го намали водството, но во таквата игра заборавија на одбраната што Фабрика Карпош вешто го искористи за зголемување на водството и конечна победа од 1-5.

Голманот Попoвски го водеше Еуро Табак до победа над Систина

Аџибадем Систина 3-4(1-3) Еуро Табак

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 15’ Никола Трајковски 23’ Мирослав Неделковски 32’ 
Еуро Табак: Влатко Богдановиќ 6’ Дејан Јанковски 19’ 31’ Никола Зафировски 20’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Систина и Еуро Табак помина во мирен ритам, двете екипи беа концентрирани на својата одбрана и со повремени контра напади се обидуваа да го отворат резултатот. Во 6. минута Еуро Табак искористи еден контранапад за водство од 0-1. По овој примен погодок екипата на Систина тргна со поофанзивна игра и се обидуваше да дојде до израмнување, тоа и успеа во 15. минута од натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак успеа да искористи две грешки во одбраната на Систина и во 19. и 20. минута успеа да реализира за 1-3 на полувремето. Во второто полувреме Систина вршеше постојан притисок кон противничкиот гол, створија многу шанси за израмнување, но одбраната и голманот на Еуро Табак беа на висина на задачата. Екипата на Еуро Табак во финишот од мечот успеа да постигне уште еден погодок и да ја осигура победата во дуелот со Систина. Крај 3-4.

Се вчитува...