Бизнис-лига: ЈСП во трилер-дуел подобар од ЕЛЕМ

Денеска стартуваше 17 коло од Бизнис-лигата, на програмата беа три натпревари…

Халк Банка во неизвесна завршница до победа над Вип

Вип 4-7(1-3) Халк Банка

Вип: Мартин Тодоровски 5’ 22’ 40’ Никола Спасевски 26’
Халк Б.:
 Игор Стојановски 6’ Дамески 9’ 37’ 38’ Влатко Блажевски 14’ Дејан Петковски 30’ Алпер Тахир 40’

Интересно прво полувреме одиграа Вип и Халк Банка, прва до водство дојде екипата на Вип во 5та минута од натпреварот. Халк Банка успеа брзо да врати на ова водство и само една минута подоцна го израмни резултатот. До крајот од полувремето Халк Банка имаше повеќе од играта и успеа да направи резултатска предност од 1-3 со која се замина на одмор. Во второто полувреме се продолжи со жестоко темпо на игра со бескомпромисни дуели на секој дел од теренот, тимот на Вип кон средината на полувремето успеа да го израмни резултатот на 3-3 и финишот да го направи неизвесен. Сепак, Екипата на Вип немаше доволно сили да направи целосен резултаски пресврт, што го искористи Халк Банка за победа на овој дуел со 4-7.

Лукоил со колективна игра до победа над ЕВН

Лукоил 3-1(2-0) ЕВН

Лукоил: Лоренцо Николовски 6’ Љупчо Апостоловски 15’ Мартин Алаѓозовски 23’
ЕВН: Ајет Новобрдарија 22’

Седумнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија Лукоил и ЕВН. Првото полувреме и припадна на екипата на Лукоил која уште на самиот старт успеа да наметне напаѓачки стил на игра што резултираше со водство од 1-0 во 6. минута. По ова водство ЕВН направи промена во тактиката и успеа да создаде шанси за израмнување, но не успеа да ги искористи. Тоа го казни екипата на Лукоил која при крајот од полувремето успеа да постигне уште еден погодок и на паузата да замине со предност од 2-0. Во второто полувреме на самиот старт  ЕВН успеа да реализира преку одлично изведен контра напад, што ја врати неизвесноста и придонесе двете екипи да го подигнат темпото на игра. Во овој начин на игра повеќе подобро се снајде екипата на Лукоил, која го доби овој натпревар со резултат од 3-1.

ЈСП во финишот го скрши отпорот на ЕЛЕМ

ЈСП 5-4(2-2) ЕЛЕМ

ЈСП: Даниел Антовски 7’ 13’ Љупчо Павловиќ 22’ 30’ Сабит Хусеини 40’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 7’ Влатко Петровски 18’ Александар Бокан 36’ Златко Станковски 38’

Резултатот во првото полувреме од дуелот помеѓу ЈСП и ЕЛЕМ го отвори екипата на ЕЛЕМ уште во 7.  минута. ЈСП ги консолидира своите редови се префрли на противничката половина и го изедначи резултатот. Во остатокот од полувремето се играше рамноправно, и двете екипи се обидуваа да го изненадат противничкиот голман и да го свртат резултатот во нивна полза, ова и успеа да на екипата на ЈСП која со одличен погодок од далечина дојде до предност од 2-1. Во самиот финиш од полувремето ЕЛЕМ успеа да реализира преку Петровски и да дојде до резултат од 2-2 со кој се замина на одмор. Во второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра, екипата на ЈСП беше таа која на почетокот на полувремето ја превзема иницијативата и успеа да дојде до водство од 4-2. ЕЛЕМ не се откажуваше, па успеа да искористи пад во концентрацијата на ЈСП па во 38. минута од натпреварот успеа да дојде до изедначен резултат од 4-4. Во финишот од натпреварот екипата на ЈСП успеа постигне погодок за победа од 5-4.

Се вчитува...