Бизнис-лига: Телеком го доби дербито со Вип

Само два натпревари беа денеска на програмата во рамките од Бизнис-лигата…

 

Вип немаше доволно сили за пресврт во дуелот со Телеком

Вип 2-4(1-3) Македонски Телеком

Вип: Сашо Србаков 28’ Мартин Тодоровски 15’ 
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 4’ 40’ Стефан Наскоски 8’ Даниел Анчевски 1’

Првата фаза од дуелот помеѓу Вип и Македонски Телеком и припадна на екипата на Телеком која успеа да постигне погодок уште во првата минута и да го изненади противничкиот тим. Во 4. минута Телеком изведе одличен контранапад кој го релизираше Лазаревски за водство од 0-2, во 8. минута уште една одлично воиграна акција и водство од 0-3 за екипата на Телеком. По оваа негатива составот на Вип се обидуваше со чести ротации на играчи да ја пронајде вистинската игра како би фатил резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да постигне погодок од белата точка и да го намали водството на 1-3, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме Вип ја превзема иницијативата и се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Телеком, кон средината на полувремето успеаа да постигнат погодок и да се добилжат до само еден гол негатива. Во последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која екипата на Вип постојано напаѓаше, а тимот на Телеком одлично го чуваше својот гол и во последната минута успеа да искористи кикс во одбраната на Вип и да стави точка на овој натпревар кој го доби со 2-4.

Аџибадем Систина со одлична одбрана до бодовите против Окта

Аџибадем Систина 3-2(1-0) Окта

Аџибадем Систина: Никола Малјановски 11’ 34’ Игор Ѓорѓиевски 27’
Окта: Един Скендеровиќ 25’ Александар Јовчевски 38’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Систина и Окта одмина во мирен ритам на игра, двете екипи беа претпазливи и ги испитуваа силите па играчите со соло акции и удари од далечина се обидуваа да направат нешто повеќе. Како одминуваше времето екипата на Систина ја превзеде иницијативата успеа да створи неколку шанси за погодок, што вроди со плод во 11та минута и водство од 1-0. По оваа негатива Окта со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, успеа да створи зрели шанси за погодок но голманот на систина беше на висина на задачата и ја сочува својата мрежа мирна. На полувремето се замина со 1-0. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра и по теренот беше вистинска бркотница, на стартот на полувремето тимот на Окта успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување. Сепак, составот на Систина неколку минути подоцна п успеа да го превземе водството и до крајот на натпреварот успеваше да одолее на нападите на  Окта и да го добие натпреварот со 3-2.

Се вчитува...