Бјелица го победи Хајдук, па доби отказ во Осијек

Ненад Бјелица од денеска повеќе не е тренер на Осијек откако поранешниот стратег на Динамо Загреб доби отказ од функцијата во овој клуб, кој требаше да им биде главен ривал на „модрите“ во трката за титулата во Хрватска.

Осијек тргна катастрофално во новата сезона и покрај инвестирањето во квалитетните засилувања, а интересно е што отказот на Бјелица, кој паралелно со тренерската ја извршуваше и функцијата спортски директор, доаѓа нецели 24 часа по триумфот на дербито со Хајдук.

„Претседателот на Осијек, Господинот Ференц Сакаљ, го разреши Ненад Бјелица од функциите спортски директор и тренер во клубот. Фудбалскиот клуб Осијек во наредните денови ќе донесе одлука за именување на нов тренер, по што јавноста ќе биде известена за неговото име“, се вели во клупското соопштение.

Се вчитува...