Бјелица низ солзи: Срби, извинете…

Српските кошаркари се во шок по вториот пораз во низа на СП 2019, со кој нашиот северен сосед остана без медал на мундијалот во Кина. Немања Бјелица, кој беше најефикасен во српскиот табор со 18 постигнати поени, но и бројни промашени шутеви, по мечот им се извини на бројните фанови за огромното разочарување.

„Ја преземам одговорноста, лично играв очајно. Кога видевме како слават, со солзи во очите, јасно е дека заслужија да победат денеска. Ние сме добри момци, не загубивме бидејќи бевме арогантни, но не бевме ментално подготвени за ова четвртфинале. Ова е тежок пораз, сакам да му се извинам на српскиот народ што веруваше во нас. Ние исто така верувавме дека можеме, имаме одличен тим, но ете… Аргентинците ни покажаа како се игра, повеќе ја посакуваа победата од нас“ – изјави Бјелица.

Се вчитува...