Благодариме Црна Гора: Кошаркарките се пласираа меѓу осумте најдобри на ЕП Б-дивизија

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 20 години се пласираше меѓу осумте на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во главниот град на нашата држава, Скопје.

Кошаркарките дел од работата ја завршија нешто порано со победата над Романија од 55-53, а вечерва Црногорките само го потврдија нашиот пласман во четвртфиналето, откако очекувано славеа над Хрватска со убедливи 80-49.

Избраничките на Јелена Антиќ во четвртфиналето ќе се сретнат со репрезентацијата на Словенија која е првопласирана во Д сегментот. Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ е закажан за во петок.

Се вчитува...