Благој Георгиев: Да…, со европски партнери го сакаме Вардар, ама засега од тоа нема ништо

Поранешниот бугарски репрезентативец Благој Георгиев потврдува дека, заедно со конзорциум од Европа, е заинтересиран да ја преземе сопственоста на ФК Вардар, иако, како што вели, се уште е премногу далеку реализацијата на таа идеја.

Георгиев во разговор за бугарската телевизија НОВА, за првпат, потврдува дека веќе бил во Скопје за „снимање“ на ситуацијата околу најтрофејниот македонски клуб откривајќи и зошто идејата да се инвестира токму во Вардар.

„Да, точно е дека заедно со мои европски партнери ја разгледуваме можноста за преземање на Вардар. Зошто Вардар? Многу пријатели од Македонија ми раскажуваа за Вардар и традицијата на тимот. Тој е нешто како Левски и ЦСКА со многу навивачи и сериозни традиции. Тој е еден од најпопуларните клубови во Македонија, и клуб со сериозен потенцијал. Но, не сакам да зборувам за нешто кое уште не е реализирано, и се уште е далеку. Засега е јасно дека јас и моите пријатели сакаме да помогнеме, и се надеваме дека ќе се реализира“ – вели Георгиев.

А, иако поранешниот бугарски фудбалер не ги соопштува партнерите со кои би влегол во Вардар, се работи за украински конзорциумсо намера да купи 100% од акциите на клубот, кое во овој момент не е можно и поради акциите на Град Скопје во клубот.

Благој Георгиев е претставник на компанијата „Winbet Arena“, која, слично како и дел од компаниите на Самсоненко претходно, се занимава со изградба на спортски компекси. Претходно имаше обид да ја преземе Славија Софија, но, последните 12 месеци, откако веќе јасни беа финансиските проблеми на Вардар се заинтересира за најтрофејниот македонски клуб.

Целото интервју на Благој Георгиев околу интересот за ФК Вардар може да го погледнете на следниот ЛИНК.

Се вчитува...