Благојче Главевски се врати во Пелистер

Пелистер во подготовките за новата сезона во своите редови го врати искусниот офанзивец Благојче Главевски.

30-годишниот Главевски, по претходните настапи за Новаци и Струга ТЛ, сега повторно се враќа во Пелистер каде беше до пред две години.

Во својата кариера, Главевски претходно има настапи и за Силекс, Шкендија и за Напредок на домашната прволигашка сцена.

Од раководството на Пелистер најавуваат ангажман на уште неколку истакна домашни фудбалски имиња следниот период за засилување на играчкиот кадар пред новата сезона.

Се вчитува...