Благојче Марковски го засили Новаци

Второлигашот Новаци доби ново засилување во својот табор, откако договорена е преселбата на играчот на Пелистер, Благојче Марковски. Тимот на Начи Шенсои доведе неколку засилувања во изминатиот период и очигледно беше дека нема место за Марковски во дресот на „зелените“.

Тој игра на напаѓачката позиција и од таборот на Новаци очекуваат да биде квалитетна замена за Александар Недановски, кој се врати во Пелистер. Недановски изминатите шест месеци ги помина како позајмен фудбалер во Новаци и пружеше одлични партии, а ново име во екипата е и дефанзивецот Менде Степаноски, кој до крајот на сезоната ќе игра рамо до рамо со неговиот брат, Кире.

После 14 одиграни натпревари, Новаци се наоѓа на третата позиција на табелата во Втората лига, со идеална шанса за пласман во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...