Искусниот македонски ракометен голман Благојче Трајкоски во својот роден град и во дресот на РК Прилеп.
Тој зад себе има богата и успешна кариера, настапувајќи за екипите на Куманово, Радовиш, МАКС Струмица, Охрид, Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје.
Трајкоски беше и дел од македонската репрезентација на Светското првенство во Франција во 2017 година.
„Со своето огромно искуство, лидерски квалитети и безброј натпревари на домашната и меѓународната сцена, Благојче ќе претставува значајно засилување за нашиот тим во претстојната сезона“, велат од РК Прилеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
