Бламажа на сезоната – Расел Вестбрук (видео)

Расел Вестбрук дефинитивно не се снаоѓа најдобро во сенката на Џејмс Харден. Додека „брадата“ стигна до 44 поени и трипл-дабл против Филаделфија, Вестбрук овој дуел ќе го памети по серијата огромни грешки.

Тој за триесетина секунди имаше неуспешен обид да изведе ауд од грбот на противникот, веднаш потоа се надмина со промашено забивање од контранапад, за на крајот да промаши и положување под кошот на Филаделфија.

Бламажа за неполна минута на олстар кошаркарот, кого „ракетите“ неслучајно сакаат да го испратат во нов клуб по само неколку месеци минати во дресот на Хјустон.

Се вчитува...