Блат: Не сакам да ја користам болеста како изговор

Американскиот стратег Дејвид Блат истакна дека одлуката за заминување од Олимпиакос ја донел во договор со управата на клубот и дека се радува на новите предизвици во кариерата. Блат и Олимпиакос спогодбено се разделија по само еден евролигашки натпревар во кој црвено-белите загубија од АСВЕЛ со 82-63. Иако, не беше официјално соопштено се претпоставува дека причината за разделбата е здравствената состојба на Американецот, бидејќи во средината на август му беше дијагностицирана мултиплекс склероза.

„Не сакам да ја користам мојата болест како изговор, но во разговор со менаџментот морав да бидам искрен во врска со некои ограничувања со кои се соочувам“, изјави Блат. 

Блат досега во кариерата ги водеше екипите на Кливленд Кавалерс, Макаби Тел Авив, Хаполе Галил Елион, Динамо Санкт Петерсбург, Бенетон, Ефес, Динамо Москва и Дарушафака.

Се вчитува...