Блатер: Апсурдно е на овој начин да го растуриш Светското првенство

Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер ја критикуваше одлуката на раководството на светскиот фудбал Мундијалот во 2030 година да се одржи во шест земји на три континенти.

Мароко, Шпанија и Португалија ќе бидат домаќини на турнирот во 2030 година, додека Уругвај, Аргентина и Парагвај исто така ќе бидат домаќини на отворањето на натпреварите по повод стогодишнината од турнирот, објави ФИФА во ненадејното соопштение во средата.

Одлуката беше критикувана од Сеп Блатер, кој беше претседател на ФИФА од 1998 до 2015 година, пред да биде сменет по истрага за корупција.

„Апсурдно е да се растури Светското првенство на овој начин. Финалниот турнир на Светското првенство мора да биде компактен настан“, изјави Блатер. 

Се вчитува...