Блажевски донесе победа за Вардар на тестот со Македонија ЃП

Вардар оствари минимален триоумф над Македонија ЃП (1-0) на тестот со кој двата тима ја пополнија првенствената празнина поради репрезентативните настапи. Искусниот Дејан Блажевски беше стрелец на единствениот погодок на мечот. Тој реализираше пенал во 81.минута и го реши натпреварот.

Александар Васоски и Жикица Тасевски им дадоа шанса на голем број фудбалери, ги испробаа сите сили во пресрет на продолжението од шампионатот.

Се вчитува...