Бледата Црвена Звезда со „минус еден“ против Бер Шева, Серафимов и Левски го победија Каират (ВИДЕО)

Екипата на Црвена Звезда направи мал чекор назад кон групната фаза од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар од третото квалификациско коло, загуби од Хапоел Бер Шева во Унгарија со 1-0.

Бер Шева единствениот гол го постигна Ахмед во 38. минута од средбата, после катастрофалната грешка на голманот Матеус и Лукасен.

Црвена Звезда имаше и играч повеќе од 58. минута, но сето тоа не  го материјализираа барем со израмнување.

Левски на домашен терен предводен од Никола Серафимов, го совлада тимот на Каират Алмати со 1-0, и го продолжува патот кон Лигата на шампионите. Единствениот гол беше постигнат во 92. минута кога Сержињо донесе ерупција од воодушевување во Софија.

Серафимов беше стартер, го одигра првото полувреме, и остана во соблекувалната во вториот дел.

Се вчитува...