Бледсо тргна да изведе „аут“, но заборави дека треба да ја додаде топката (ВИДЕО)

Плејмејкерот на Милвоки Бакс, Ерик Бледсо го одбележи натпреварот против Лос Анџелес Клиперс со комичен потег во последната четвртина. Бледсо требаше да изведе аут, но наместо тоа се одлучи сам да ја почне акцијата и да тргне кон противничкиот кош. Ситуацијата предизвика потсмев кај сите присутни во „Стејплс центарот“. Американецот беше сопрен од судијата во својата намера, а поседот им припадна на Клиперс. За среќа на Бледсо, Милвоки славеше во дербито на вечерта со 124-129.

Се вчитува...