Коби Брајант стана еден од синонимите за НБА. По него во светот и во најдалечните краеви децата ја препознаваа кошарката. Животот го загуби на 41 година во трагична хеликоптерска несреќа. Брајант влегува во редот на најголемите имиња на НБА и на кошарката воопшто.

Во лигата влезе веднаш по средното училиште и стана најмладиот играч во историјата на НБА. Со Лос Анџелес Лејкерс каде што ја мина целата кариера освои пет шампионски титули, има и два златни медала од Олимписките игри со репрезентацијата на САД. Тој е на четвртото место на вечната листа според бројот на постигнати поени, има два трофеја за најкорисен играч на финалето, а еднаш беше и МВП на регуларниот дел од сезоната.

Роден во Филаделфија, Брајант беше селектиран како 13. пик во 1996 година од Шарлот пред да биде разменет во Лос Анџелес Лејкерс. Ги носеше броевите „8“ и „24“, франшизата ги повлече и двата. Во ноември 2015 година објави дека ќе се повлече на крајот од сезоната.

Таа сезона одигра 66 натпревари за „лејкерс“ со просек од 17,6 поени. во последниот натпревар постигна 60 поени и го водеше тимот до триумф над Јута.

Во приватниот живот, врската со сопругата Ванеса ја почна рано и уште од почетокот заедничкиот живот им беше исполнет со контроверзи. Свадбата мина без присуство на неговите родители и на соиграчите од ЛА Лејкерс. Имаат четири ќерки. Во 2011 години почнаа процедура за развод, но потоа се повлекоа.

Веста за смртта на Брајат прв ја објави ТМЗ, а потоа дојде и официјалната потврда.