Блесна Пако Алкасер, Барса ја совлада и Севилја

Барселона оствари значајна победа над Севилја на „Камп Ноу“ славејќи со 2-1. Јунак на каталонскиот гигант овојпат беше подзаборавениот напаѓач Пако Алкасер, кој беше стрелец на двата гола за Барса.

Тој го отвори резултатот во 23.минута, но Севилја не се предаде така лесно. По еден корнер, одлично реагираше Пизаро и со удар со глава во 59.минута успеа да израмни. Сепак, само шест минути подоцна, Пако Алкасер со својот втор погодок донесе триумф за Барселона.

Се вчитува...