Блинд: Не смееме да си поигруваме со реномето на репрезентацијата, на победа и против Македонија

Еден од најискусните фудбалери во составот на Холандија, Далеј Блинд, вели дека Холандија не треба да си поигрува со репутацијата на националниот тим и на последниот натпревар во групата против Македонија да игра на победа.

Холандија веќе обезбеди место во осминафиналето на ЕВРО 2020, а за нив натпреварот со Македонија во понеделник (21. јуни) од 18 часот на националната арена „Јохан Кројф“ во Амстердам ќе биде само еден вид тренинг. Но, Блинд вели дека Холандија мора да игра на триумф.

„Ова е репрезентација и не треба да си поигруваме со нејзиното реноме. Ќе играме на победа против Македонија, затоа што ќе биде важно и за позитивната атмосфера пред осминафиналето. Мора да го задржиме досегашното победничко ниво, иако натпреварот нема значање“ – вели Блинд.

Се вчитува...