Близнаци еден против друг во ЛШ во ракомет

Денешниот дуел од ЛШ меѓу Фленсбург и Загреб ќе остане запишан во историјата како прв во елитното европско натпреварување во кој еден против друг се сретнале двајца близнаци. Станува збор за босанските интернационалци, Сенјамин и Бенјамин Буриќ, првиот летово дојде од Нант во Загреб, додека голманот Бенјамин исто така пред неколку месеци ги промени клупските бои, па од Вецлар дојде во Фленсбург.

Вечерва чуварот на мрежата на Фленсбург ќе го пречека својот брат, кој настапува на позицијата пивот во дресот на хратскиот првак.

„Овој натпревар ќе биде посебен за мене, прв пат ќе играм против мојот брат близнак, се надевам дека јас ќе бидам тој што ќе се радува на крајот. Не зборуваме за натпреварот, но се надевам дека ако ми се укаже шанса ќе му дадам најмалку еден гол“ – изјави Сенјамин Буриќ во пресрет на денешниот натпревар.

Се вчитува...