Блокотехна „гази“ на Балканот, „падна“ и Башкими

Блокотехна ја продолжи серијата на пет победи во низа во балканското натпреварување со триумф над Башкими, со резултат од 91-75. Македонскиот претставник во БИБЛ – лигата забележа многу важни бодови во пресрет на трката за врвот на табелата со Рилски, и по првиот ден од 8. коло Блокотехна се наоѓа на првото место со 15 бода.

Без многу проблеми тимот од Гевгелија си обезбеди сигурно водство во првиот дел кое требаше да се сочува во остатокот од средбата. Избраниците на Илиевски го направија истото, па во текот на пресметаката предноста постојано ја зголемуваа во нивна корист, за на крајот да победат со високи 16 поени разлика.

Искусниот Мијатовиќ беше најефикасен од кошаркарите на Блокотехна, реализираше 26 поени, а му недостасуваше еден скок за даб-дабл учинок. Бенџамин и Казарновски го следеа нивниот соиграч со 16, односно 13 поени. За домашната екипа најрасположен беше Арон Мос со 23 поени.

Се вчитува...