Блокотехна не успеа до изненадување во Бугарија

Екипата на Блокотехна не успеа да приреди изненадување на гостувањето во Бугарија, губејќи од тимот на Берое со убедливи 91-81. Македонскиот тим немаше сили да парира на една од фаворитите за највисок пласман, заморот беше очигледен во тимот на Марјан Илиевски по напорниот дуел со МЗТ Скопје пред помалку од 48 часа, па и покрај обидите за егал-натпревар сепак на крајот Блокотехна го претрпе вториот пораз во БИБЛ-лигата сезонава.

Мечот беше израмнет само во првата четвртина што домаќините ја добија со минимални 25-24. Кошаркарите на Берое првата двоцифрена предност ја стекнаа во 17. минута, кога поведоа со 43-32, потоа одолевајќи на сите обиди на македонскиот претставник за резултатски камбек и пресврт.

Брендон Пен со 22 поени беше прв стрелец на Блокотехна, Мијатовиќ постигна 19, а Гаидис 17 поени за клубот од Гевгелија.

Се вчитува...