Бобан Илиоски поради повреда нема да се бори за злато на СП, и со обезбедена бронза стави крај на кариерата!

Една од најголемите македонски кикбокс ѕвезди, Бобан Илиоски и покрај денешната победа и пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Абу Даби, ОАЕ, поради повреда сепак нема да може да се бори за уште една светска титула во својата кариера.

Илиоски, заработи повреда на денешниот четвртфинален меч, но и покрај тоа успеа да победи со хрватскиот репрезентативец пласирајќи се во полуфиналето и обезбедувајќи бронза на шампионатот.

Но, само неколку часа подоцна Илиоски преку социјалните мрежи објави дека ова не само што нема да може да го продолжи настапот на Светското првенство, но објави и крај на кариерата.

Како што самиот информира, сега ќе се посвети на тренерската работа во неговиот клуб. Илиоски е светски и двоен европски ВАКО шампион.

На светското првенство во ОАЕ учествуваат 2522 натпреварувачи од 90 држави од целиот свет.

Се вчитува...