Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски, од денеска е член на најпозната организација за кикбокс, „Глори Кикбоксинг“.
Веста за потписот со „Глори“, Илиоски ја спореди на социјалните мрежи.
„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера потпишав договор со „Глори кикбоксинг“. Со ова не го остварувам само мојот сон, туку пишувам историја за македонскиот кикбокс“, напиша Македонецот на социјалните мрежи.
По објавата дека кариерата ја продолжува во „Глори“, Илиоски откри и кога ќе го има дебито.
На манифестацијата „Глори 110“ која ќе се одржи на 17 октомври, Илиоски ќе се бори против кикбоксерот од Алжир, Аимане Латифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
