Бобан Николов: Ако одиграме како во Финска, нема да има проблем до победа

Вардар вечерва од 20 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје го очекува првиот дуел од 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции против летонскиот шампион Рига.

По неуспешното прво квалификациско коло за Лигата на шампионите и елиминацијата од фински Купс, сега Рига за „вардарци“ е спас на европското лето, и продолжување на патот за изборување групи во Конференциската лига.

Македонскиот репрезентативец од редовите на Вардар, Бобан Николов вели дека оптимистички се очекува натпреварот, и дека доколку се одигра како во Финска сигурно ќе следи позитивен резултат.

„Навистина со голем оптимизам го очекуваме овој натпревар. Треба да излеземе само со онаа иста самодоверба како на претходниот натпревар во Финска. Многу што на овој дуел ќе зависи само од нас. Ако одиграме онака машки и цврсто како во Финска, мислам дека нема да имаме проблем. Го почитуваме противникот, но во Скопје и ние ќе се прашуваме околу конечниот резултат“ – вели Бобан Николов.

Се вчитува...