Бобан Николов: Нема калкулирање – одиме на победа против Србија!

Капитенот на младата македонска селекција, Бобан Николов категорично најавува атак на трите бода на утрешниот втор натпревар на Македонија на Европското првенство во Полска.

По поразот од Шпанија, Николов најавува игра без калкулации утре против Србите во Бидгошч…

„Утрешниот натпревар со Србија е клучниот за нас на овој шампионат. Знаеме дека не очекува исклучително тежок дуел, но ние веќе се навикнавме на тоа. За никој од нас првенството не е завршено, и покрај високиот пораз од Шпанија. Напротив веруваме дека резултатски можеме да се вратиме. Па, утре ниту ќе калкулираме ниту ќе се штедиме, одиме на победа против Србија“ – истакна на денешната средба со медиумите Бобан Николов и дополни:

„Играме против светските шампиони до 20 години. Ова е балканско дерби. Се надевам дека ќе бидеме на нивото од првиот натпревар со Шпанија, но овојпат резултатот ќе биде во наша корист“.

Се вчитува...