Бобан Николов потпишува за романска ФЦСБ

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов е пред потпис со еден од најдобрите романски клубови, ФЦСБ, пренесуваат романските медиуми.

Николов, како слободен фудбалер по завршувањето на соработката со Шериф Тираспол, се очекува да потпише за романскиот прволигаш.

Претходно, интерес за Николов имаше и од новосадска Војводина, но се чини ќе биде прифатена понудата од ФЦСБ.

Николов својата професионална кариера ја започна токму во РОманија, во Академијата на Хаџи, како и во Виторул Констанца, а потоа настапуваше и за Вардар, Видеотон и италијанскиот Лече.

Се вчитува...