Бобан потсетувајќи се на Максимир 1990: „Повторно би го удрил полицаецот, живеевме во пекол!“

Поранешниот фудбалер на Динамо Загреб и капитен на хрватската репрезентација Звонимир Бобан во интервју за бразилскиот „Глобо“ се потсетува на случувањата на „Максимир“ од 1990 година.

Во време кое го навестуваше распадот на поранешна СФРЈ, Звонимир Бобан тогаш удри полицаец за време на нередите на мечот меѓу Динамо Загреб и белградска Црвена Звезда…

„Во тоа не бев сам, многу луѓе од Хрватска во тие историски моменти се поистоветуваа со мене. Јас само бев еден од пет илјади млади лица на стадионот кои мислеа еднакво. Само што јас бев десетка на Динамо, капитен и млада ѕвезда на клубот. До тогаш живеевме во режим, речиси пекол… а сето тоа што се случи на стадионот беше наша голема желба за слобода. Дали би го повторил истото? Секогаш“ – вели сегашниот советник во ФИФА.

Бобан открива дека и потоа малку му било жал што не настапил на Светското првенство 1990 во Италија кога Југославија ги одигра еден од своите најдобри турнири…

„Секако дека ми е жал што во 1990 година не играв на Светското првенство, бидејќи бев суспендиран. Но, го прифатив тоа, животот продолжи понатаму. Југославија тогаш одигра добар турнир, таму беа фудбалери од мојата генерација како Просинечни и Јарни кои играа навистина добро и се докажаа на големата сцена“ – вели Бобан меѓу другото во интервјуто за „Глобо“.

Се вчитува...