Боби Милевски ги соопшти имињата за ЕП во Полска: Проверените сили на дело!

Селекторот на младата репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот на имиња кои ќе бидат во комбинација за настап на Европското првенство во Полска кое не очекува од 15. јуни. Во моментов на списокот се 17 фудбалери, а планираната бројка од 24 фудбалери ќе биде дополнета со играчи од помладата генерација која се подготвува за квалификациите за ЕП 2019.

„Околу списокот за ЕП во Полска мое е најпрво да ги испочитувам сите оние кои го понесоа товарот за пласман на Европското првенство и кои ни го донесоа најголемиот успех во историјата. Затоа се тука на списокот 17 фудбалери на кои повторно ќе се потпреме“ – истакна на прес-конференцијата Милевски, притоа дополнувајќи дека списокот ќе биде дополнет со уште шест до седум имиња од помладата генерација која се подготвува за квалификациите за ЕП 2019 во Италија.

„Имаме некои имиња под знак прашалник за ЕП во Полска, но сепак се на списокот. Добро е што Бејтулаи, по повредата почна со тренинзи, а неизвесен е Виктор Ангелов кој е во тренажен процес но не се знае дали ќе може да настапи во Полска. Но, до последниот датум за пријава на списокот, некаде околу 5. јуни, ќе одлучиме кој ќе оди во Полска. Планираме во Полска да носиме 24 фудбалери, од кои тројца голмани“ – истакна Милевски.

СПИСОКОТ НА ПАТНИЦИ ЗА ЕП 2017 ВО ПОЛСКА

spisokot

На списокот на генерацијата која ќе се бори за ЕП 2019 се наоѓаат 27 имиња од кои ќе се бараат 6-7 фудбалери кои ќе патуваат и на ЕП во Полска.

„Со генерацијата 1996/97 подготовките ги почнуваме од утре до 4. јуни. На 4. јуни ќе одиграме меѓусебен натпревар кој ќе биде еден вид генерален тест за тоа што не очекува во квалификациите од септември“ – истакна Милевски.

СПИСОКОТ НА ИГРАЧИ КОИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2019 ВО ИТАЛИЈА

spisok za novite mladi

sreden red

Подготовките за ЕП во Полска почнуваат на 4. јуни. Во Скопје ќе се работи до 12. јуни од кога нашата младата репрезентација се сели во Полска. Првиот натпревар го играме на 17. јуни од 20:45 часот против Шпанија во Гдиња.

Се вчитува...