Боби Милевски во Букурешт со поддршка за националниот тим и пулените од Полска (ФОТО)

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Боби Милевски, во друштво на менаџерот на националниот тим Зоран Зафиров на лице место во Букурешт со поддршка за македонската репрезентација на Европското првенство 2020.

„Сер Боби“, со своето присуство во Романија, и како, еден вид, индиректна поддршка и за сите свои пулени од златната македонска генерација од ЕП 2017 кое во Полска го обезбеди првиот македонски настап на европски шампионат во историјата.

Во актуелниот состав на сениорската репрезентација се дури 11 фудбалери кои играа и на ЕП во Полска во 2017 година. Почнувајќи од голманот Дамјан Шишковски, преку дефанзивците Ѓоко Зајков, Дарко Велковски, Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи, фудбалерите без кои е незамислив и актуелниот наш среден ред Бобан Николов, Енис Барди и Елиф Елмас, и офанзивците Даниел Аврамовски, Тихомир Костадинов и Марјан Радески. Како дополнение на нив е и тројката од изминатиов квалификациски циклус на младите, Ристе Јанков, Дарко Чурлинов и Милан Ристовски.

Се вчитува...