Боби Стојкоски – нов тренер на индиски Аизавл

Поранешниот тренер на Македонија ЃП, Боби Стојкоски својата кариера ќе ја продолжи во шампионатот на Индија, во редовите на второлигашот Аизавл.

Стојкоски се одлучи да ја прифати понудата на Аизавл со првиот свој тренерски предизвик во кариерата во Азија. Аизавл сезонава се бори за промоција во елитната фудбалска лига на Индија.

Претходно, Стојкоски покрај на Македонија ЃП во македонските првенства беше тренер и на Кораби Дебар и Кадино, а на интернационалната сцена беше тренер и на словачките Серед и Партизан Бардејов.

Се вчитува...