Боди-билдинг и фитнес федерацијата на Македонија, на средба со претставници на Владата, побара продолжување на нивните активности

Изминатиов викенд на барање на ББФФМ се одржа работен состанок меѓу, Комисијата за работа во услови на пандемија при ББФФМ во состав: М-р. Ирена Митровска, М-р. Мартин Видоевски, како членови на комисијата и Бобан Ѓороски од една страна и Силвија Митевска, советничка за спорт на Премиерот на Владата на РС Македонија, како домаќин организатор на средбата, и Наумче Мојсовски, Директор на Агенцијата за млади и спорт.

Средбата се одржа преку видео конференција на интернет. Тема на средбата беше моменталната забрана за работа на фитнес-клубовите и тековните проблеми кои федерацијата се обидува да ги реши во последните неколку години, поврзани со незаконско работење на голем дел од бодибилдинг и фитнес клубовите на територијата на Македонија, поради неусогласеноста со Законот за спорт и работење без соодветно Решение за вршење дејност спорт, како и ангажирање на не соодветни стручни лица, тренери/инструктори во клубовите.

Комплетното Известување до медиумите за работниот состанок ви го пренесуваме во целост!

Се вчитува...