Бодрете ги кошаркарите, блок-влезници за 200 денари

На македонската кошаркарска репрезентација и е неопходна поддршка за да го надмине разочарувачкиот пораз од Косово и утре на домашен терен против Естонија да се врати на победничките патеки.

Македонската Кошаркарска Федерација ги пушти во продажба билетите за претстојните два домашни квалификациски меча, утрешниот со Естонија и оној наредниот против Косово, па нашите фанови ќе можат да ја бодрат репрезентацијата за вкупно 200 денари за блок-билети, или пак за 150 денари доколку се купи билет за само еден натпревар.

Билетите се во продажба преку мрежата на МК Тикетс.

Се вчитува...