Бодрете ги ракометарките: Влезот за Македонија – Азербејџан е слободен

Женската ракометна репрезентација в среда го игра мечот од квалификациите за ЕП 2024, на домашен терен против Азербејџан. Со цел салата да биде исполнета до последно место, Ракометната Федерација на Македонија донесе одлука влезот за овој меч да биде бесплатен, за ракометарките да ја добијат поддршката што им е неопходна во походот по нов настап на едно големо натпреварување.

„Ве известуваме дека женската сениорска ракометна репрезентација во рамки на Европското натпреварување Women’s EHF EURO 2024 – Qualifiers за обезбедување пласман на претстојното Европско ракометно првенство Women’s EHF EURO 2024 ќе одигра меѓународен квалификациски натпревар со репрезентацијата на Азербејџан. Меѓународниот квалификациски натпревар со репрезентацијата на Азербејџан ќе биде одигран на ден 11.10.2023 (среда) со почеток во 18.00 часот во СЦ Јане Сандански (мала сала) во Скопје. Ве покануваме заедно да го проследиме натпреварот и да ги бодриме нашите девојки. Бидете информирани дека влезот за натпреварот е слободен“, објави Ракометната Федерација на Македонија.

Покрај Македонија и Азербејџан, дел од оваа квалификациска група се и Шпанија и Литванија, а пласман на ЕП обезбедуваат двете најдобри селекции.

Се вчитува...