Богатиот прволигашки викенд завршува во Гевгелија каде гостува ТФТ

Прволигашката кошарка продолжува денеска со последниот предвиден натпревар од 16. коло за овој викенд на кој во Гевгелија ќе се сретнат Кожув и ТФТ од 17 часот и 30 минути.

Двата тима на денешната средба влегуваат рехабилитирани од поразите пред две кола, и на крилјата на убедливите победи над Гостивар, односно Црн Дрим во претходното коло, па ќе се потрудат да започнат нова победничка серија. Првиот натпревар помеѓу „црвено-белите“ и „црно-белите“ оваа сезона заврши со убедлива победа на ТФТ, па одбраната на домашниот терен ќе биде мотив повеќе за гевгеличани.

Моменталната ситуација на табелата (6-7) го става Кожув на границата на опасната зона помеѓу Суперлигата и местата кои водат во плеј-аутот па победата ќе биде императив за составот од Гевгелија. За разалика од нив, новајлијата е во поволна ситуација во горниот дел на табелата со скор од осум победи и три порази.

Се вчитува...